Стравувате дека ќе ја изгубите работата? Овие 7 знаци ќе ви откријат дали сте во право!
На прв поглед мислите дека сте параноични, но на крајот излегува дека сте биле во право. Постојат многу причини поради кои може да помислите дека ќе добиете отказ, и покрај тоа што сте добри на работа.
Понекогаш сите потези што се поврзани со вашата работа се прават зад сцената без навистина да сте свесни за тоа.
Која и да е причината, колку побрзо сфатите дека нешто се случува, толку повеќе време ќе имате за да се подготвите за вашата следна авантура, пишува Business Insider.
Ако мислите дека вашата позиција “се тресе“, овие 7 сигнали може да ви покажат дали сте во право:
- Шефот се дистанцира од вас
- Деградирани сте
- Луѓето околу вас се отпуштени (не поради своја грешка)
- Не добивате нови работни задачи
- Добивате неколку негативни извештаи за вашата работа
- Бараат од вас да обучите некој друг за работата која до вчера сте ја правеле
- Не ве викаат на деловни состаноци