Компанија во Јапонија решила да им даде на своите вработени кои се непушачи дополнителни 6 дена платен одмор. Компанијата смета дека на овој начин ќе се надомести за паузите што ги земале пушачите за време на работниот ден.
Маркетинг фирмата Piala Inc. од Токио се решила на овој чекор откако вработените се пожалиле дека работат повеќе од своите колеги пушачи кои во текот на денот земале пауза за цигара.
Еден од нашите вработени оставил порака во кутијата за предлози велејќи дека пазите за пушење предивикуваат проблеми, вели Хиротака Мацушима, порпаролот на компанијата.
Нашиот извршен директор го виде коментарот и се согласи, па затоа им даваме на непушачите дополнително време, додава Мацушима.
Бидејќи канцелариите се наоѓаат на 29-от кат, па доколку некој од вработените сака да запали цигара треба да се симне до доле. Според ова, пресметките велат дека една пауза би траела околу 15 минути.
Со воведување на ова најмалку 30 од 120-те вработени земале дополнителни денови, а постапката поттикнала четворица вработени да се откажат од цигарите.