Студијата која ја објави Social Psychological and Personality Science откри дека милионерите се разликуваат од лицата со просечни примања.
Истражувањето е спроведено во Холандија, и тоа врз основа на изјавите на 800 милионери, кои се споредени со 1.200 тврдења на лица со просечни примања.
Истражувањето покажало дека овие групи на луѓе се разликуваат, и тоа во една многу важна работа – начинот на трошење на време.
Милионерите своето слободно време го поминуваат претежно активно, во друштво, занимавање со некое хоби, волонтирање, а речиси да не прават дејства како гледање телевизија.
Меѓутоа, луѓето со просечни приходи слободното време претежно го поминуваат во спиење, гледање телевизија, одмарајќи се.
Исто така, богаташите и луѓето со просечни примања имаат и слични навики. Имено, и едните и другите поминуваат време во готвење и купување.
Интересен е податокот дека луѓето со повисоки приходи поминуваат повеќе време за извршување домашни работи, но помалку време се грижат за своите деца.
Богатите луѓе од просечните се издвојуваат и според автономијата која ја поседуваат во професионалниот живот.
Луѓето со просечни примања се зависни и се личности без овластување во деловниот свет.
Заклучено е дека луѓето со поголеми приходи уживаат активно да го поминуваат своето време и генерално се посреќни во животот.