Од УЈП ги информираат сите даночни обврзници (правни и физички лица) кои во претходната календарска година од вршење на оданочива стопанска дејност оствариле вкупен промет повисок од 2.000.000 денари, дека имаат обврска да поднесат Пријава за регистрација за целите на данокот на додадена вредност образец ДДВ-01 најдоцна до 15 јануари 2020 година.
Во истиот рок Пријава за регистрација за целите на данокот на додадена вредност образец ДДВ-01 можат да достават и даночните обврзници кои сакаат доброволно да се регистрираат за целите на данокот на додадена вредност.
Пријавата за регистрација за данокот на додадена вредност може да се достави по пошта, лично до Регионалната дирекција на Управата за јавни приходи (според седиштето/живеалиштето на даночниот обврзник) или по електронски пат http://etax.ujp.gov.mk
Сите даночни обврзници кои веќе се регистрирани за целите на ДДВ и чиј вкупен промет во календарската 2019 година не го надминал износот од 2.000.000 денари можат да поднесат пријава за отповикување на регистрација за данокот на додадена вредност.
Даночните обврзници пријавата за отповикување на регистрација за данокот на додадена вредност ја поднесуваат најдоцна до 15-ти јануари 2020 година до даночната канцеларија на УЈП или во електронска форма преку http://etax.ujp.gov.mk
Од УЈП потстеуваат дека даночни обврзници за данокот на додадена вредност можат да бидат сите правни и физички лица, како и здружувањата на лица кои вршат оданочива стопанска дејност.