Човечноста уште не е изгубена кај некои луѓе! Доказ за тоа е слаткарницата ЕЛ-РИМИ кои поставија закачалка на добрината под мотото: „Ако имаш донеси, ако немаш слободно земи си“. Апелираме сите оние кои имаат повеќе нека однесат на закачалката на добрината, а оние кои немаат и навистина им е потребно да се послужат од истата. Инаку, ЕЛ-РИМИ се наоѓа во Василево.
Браво добри луѓе, секоја чест!