Новите измени во Законот за миграција на работна сила во Германија ќе им овозможи на сите квалификувани работници кои доаѓаат од земји што не се члени на ЕУ да добијат работа под исти услови како и нивните граѓани, особено за занимања кои се дефицитарни.
Околу 10.000 работни визи и дозволи за престој на македонски работници годишно се издаваат во Германија. Но, засега нема точни бројки за тоа уште колку луѓе нелегално работат таму.
Со стапувањето на сила на новиот Закон во март 2020, се очекува уште поголема миграција бидејќи со него ќе се олеснат условите за заминување.
Медицината и индустријата со нејголема потреба за кадар
Новите измени во Законот за миграција на работна сила во Германија ќе им овозможи на сите квалификувани работници кои доаѓаат од земји што не се члени на ЕУ да добијат работа под исти услови како и нивните граѓани, особено за занимања кои се дефицитарни.
Домашните компании кои мака мачат да најдат луѓе за работа се свесни одливот на кадри, но се надеваат дека ќе влијаат на свеста на младите за да им посочат дека и во странство не е сјајно.
Инаку, во земјава работат околу 100 германски фирми кои се подготвени да ги покачат платите доколку се зголеми продуктивноста на работната сила.
Извор: Сител