Барате работа со плата од шест цифри која ќе ве направи среќни во 2020 година?
Жестоката конкуренција за вработување и задржување на таленти натера се повеќе компании да инвестираат во искуството на своите вработени, вели Аманда Стенсли, виш аналитичар за економски истражувања во Glassdoor.
Така, просечната оценка за задоволството на работа кај искусните Front-end инженери изнесува 3.9, што ја прави нивната професија број еден за 2020 година во однос на задоволството на работа, платите и креирањето на работни места и на тој начин ги исфрлија Data Science професионалците кои досега беа на врвот од пиедесталот.
Инаку нивната работа е да развијат код кој ќе го подобри корисничкото искуство преку креирање, инсталирање и тестирање на елементи на корисничкиот интерфејс на одредена веб страна.
Просечната годишна плата за Front-end инженер изнесува 100.000 долари.
Зошто тие се на врвот на ранг листата?
Аманда Стенсли вели дека одговорот на ова прашање лежи во постоењето на голема конкуренција помеѓу технолошките и нетехнолошките компании за тоа кој да ги придобие овие професионалци.
Како пример може да ги земеме Google и Microsoft кои вообичаено вработуваат инженери од повисок ранг, но побарувачката е исто така зголемена и од страна на други компании.
На врвот на ранг листата за најдобри работни места во 2020 година се најдоа и Java девелоперите (второ место), за веднаш после нив да следат Data Science професионалците (кои досега беа на првото место) и продукт менаџерите (четврто место). Петтото место е резервирано за Devops инженерите, а после нив следат Data инженерите, Software инженерите, патолозите, стратешките менаџери и менаџерите за развој на бизнисот.
Glassdoor во своето истражување ги согледа и придобивките што доведуваат до зголемување на задоволството на вработените.
Анализата покажа дека здравственото осигурување на работното место е многу важно, но само доколку е проследено со платен одмор, платени слободни денови, пензиски план, стоматолошко осигурување и породилно отсуство.