Оние граѓани кои биле меѓу првите кои извадиле вакви персонализирани картички од ЈСП во 2015 година, денес веќе не може да ги користат истите и мора да ги заменат со нови, бидејќи нивниот рок од четири години е веќе истечен.
Старите картички мораат да се заменат со нови кои чинат 200 денари.
„За обновата на „Скопска“ не се потребни никакви документи, доволно е да се приложи старата картичка. Заинтересираните статусот на картичката можат да го проверат во било кој центар за персонализација“, вели Деспина Трајковска Димова од ЈСП.
На новите картички повеќе го нема пејсажот на Скопје 2014, туку скопската тврдина “Кале” и Музејот на Скопје.
„Дизајнот е единствената разлика помеѓу старите и новите персонализирани картички „Скопска“, вели Трајковска Димова.
Од ЈСП велат дека корисниците на јавниот превоз навремено биле информирани за неопходната замена на истечените персонализирани картички.