Преку 60 отсто од компаниите кои ги анкетираше Стопанската комора на Македонија се соочуваат со недостиг на работна сила. Работници фалат од различни типови на образование и од различни професии, почнувајќи од мајстори па до висококвалификувани кадри.
Причината за ваквата ситуација, дел од компаниите ја гледаат во заминувањето на работоспособното население надвор од државата, а дел во несоодветното образование и пасивноста на работоспособното население.
Од оние што бараат работа претежно тоа се лица со професии од општествените науки кои не можат да најдат работа на пазарот на труд. Затоа се тежнее кон тоа да се направи нивна преквалификација и доквалификација за да може да се вклучат во работниот процес. Исто така тоа се лица со високообразовни квалификации кои не сакаат да работат со пониско ниво на квалификации, иако платите што се нудат во компаниите се повисоки. Имате компании кои нудат плата до 30 илјади денари, но не можат да најдат кадар бидејќи работниците сметаат дека многу им е подобро да седат дома, отколку да бараат работа, изјави Наташа Јаневска од Стопанската комора на Македонија
Во речиси 90 проценти од анкетите кои ги спровеле Стопанската комора на Македонија и Агенцијата за вработување на Република Македонија се преклопуваат податоците и информациите кои послужиле при реализирања на мерките во Оперативниот план за вработување во 2020 година, а како најголем проблем, покрај иселувањето, е и недоволно квалификуваниот кадар.