Колку пати ви се има случено? На интервју договарате едно, за на крај да работите нешто сосема друго. Еве 5 знаци кои ќе ви помогнат да откриете дали сте ја избрале погрешната работа.
Како да го направиме вистинскиот избор на работното место? Ова прашање си го поставува секој од нас. Едно неодамнешно истражување спроведено на 17.000 вработени во САД покажа дека дури две третини од вработените во 17 индустрии се несреќни на своето работно место. И секако, еден од главните виновници за ова е изборот на погрешна работа.
Еве неколку знаци кои ќе ви помогнат да откриете дали сте ја избрале погрешната работа:
Вашата позиција е различна од описот на работното место
За време на процесот на вработување сте се изнаслушале за возбудливи проекти на кои треба да работите, но сега, кога сте веќе таму, се чини дека никој не знае што точно треба да правите – вклучително и вашиот шеф. Од ден на ден, вашите работни задачи се претвораат во разновидни активности кои не се во согласност со вашето работно место. Не сакате да кажете дека ве излажале во врска со работата, но сте сигурни дека таа се разликува од тоа што сте го договориле за време на интервјуто.
Го работите истото што сте го работеле претходно
Ја напуштивте претходната работа затоа што ви беше здодевно, но сега изгледа дека го правите истото што сте го правеле и таму. Си мислевте дека фактот што работите во подобра компанија ќе го направи работното место поинтересно, меѓутоа улогата и понатаму не е возбудлива. И додека сте во новата компанија веќе неколку недели, вие добивате чувство дека сте виделе се што треба да видите на вашата позиција. На крајот, барањето на нова работа се чини како најдобро решение.
Компанијата е одлична, но само однадвор
Кога размислувавте за нова работа, сакавте да бидете некаде каде ќе можете да направите вистински импакт. Со еден збор, сакавте да бидете дел од нешто значајно. Однадвор, вашата нова компанија изгледа како да е се под контрола, но кога започнавте со работа дознавате дека е вистински циркус. Откако почнавте со работа, почнувате да сфаќате дека тука се случиле многу промени на лидерските позиции така што никој не знае што навистина се случува и каде се движи компанијата.
Сите не толку тајно бараат работа
Вие сте таму само неколку месеци и веќе имате цел список на луѓе кои бараат нова работа. Кога ја прифативте работата, замислувавте дека во компанијата ќе останете барем една или две години, но вака, кога гледате дека по неколку луѓе во еден месец си ги пакуваат торбите, сфаќате дека нешто не е во ред.
Никој не се труди да ве воведе во работата
Поминаа неколку недели на вашата нова работа, а сеуште не знаете како функционираат процесите во компанијата. Учите самостојно и никој не се труди за да ви помогне. Тоа покажува дека компанијата нема вистински метод за обука и on-boarding на нови вработени. Вашите колеги ви кажуваат дека ова отсекогаш било така, а вие сфаќате дека не можете да дадете се од себе бидејќи ги немате сите потребни алатки на располагање.