„Читам во групава дека се жалите дека некои одат на работа. Дека не се дома. Дека се користат работниците во ова време. Е па еве да знаете дека и ние во банките работиме, ова го пишувам од работа. За да можете вие дами да имате пари, да можете да плаќате онлајн, да можете да функционирате. Пред да ме нападнете, знајте дека ова е вонредна состојба не за сите да не одат на работа, туку за да може владата да донесува итни мерки со кои ќе се спречи ширењето на вирусот. Доста кревате паника, доста чистите рафтови. Социјално дистанцирање, воздржете се од гости итн. Ако се се затвори ќе колабира економијата. Ќе има отпуштања од работа, ало луѓе ова ќе помине, после како ќе преживеете!! Доста веќе кукате. Не сте само вие во маркети и аптеки на работа, сите институции работат, луѓе од дома работат. Доста само леле фризерки работеле леле ова работело. А што да прават ако само тоа им е извор на егзистенција? Да гладуваат? Смирете се ве молам смирете се.“
Ако се се затвори ќе колабира економијата. Ќе има отпуштања од работа, ова ќе помине, после како ќе преживеете!! - Статус на вработена во банка
Вести
-
Просечната нето плата во јули надминува 40 илјади денари
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули годинава изнесувала 40.961 денар и е за 2,9 отсто повисока од истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика.
-
ПИВАРА Скопје вработува УНАПРЕДУВАЧИ НА ПАЗАРОТ во Скопје, Кавадарци и Охрид
3 слободни позиции
-
Големо откритие: Научниците открија нова крвна група
Истражувачите од Велика Британија и Израел опишаа нов систем на крвни групи кај луѓето, "MAL", и тоа 50 години откако во 1972 година беше откриено дека недостасува важен антиген во крвта на бремена жена.
-
Колку се исплати правењето домашен ајвар?
Секоја есен, мирисот на печени пиперки и традиционалниот ајвар го означуваат почетокот на сезоната на зимница во македонските домови.
-
Пензионери чекаат ред за да берат јаболка – дневницата достигнува 2.200 денари
Во сезоната на берба, македонските овоштарници се соочуваат со нов тренд: зголемената ангажираност на пензионерите и берачите од Албанија во процесот на берење јаболка.
-
Секое следно лето ќе биде подолго и потопло од претходното
ГЛОБАЛНОТО ЗАТОПЛУВАЊЕ НОСИ ЕКСТРЕМНИ ВРЕМЕНСКИ УСЛОВИ