Врвот на епидемијата во Кина помина, но опасноста и натаму постои затоа што во земјата се враќаат граѓани од странство, а голем дел од нив се заразени со коронавирусот.
Сепак, дека најлошото е веќе зад нив може да се види на снимките кои се појавија од Вухан, од каде што си заминуваат медицинските работници после успешната борба со коронавирусот во самиот епицентар на епидемијата.
Огромна благодарност за пожртвуваноста и почит им оддава кинескиот народ на медицинарите кои деноноќно се бореа да спасат што е можно повеќе заболени. Кинеските војници им салутираа на докторите и медицинскиот персонал, а многумина од нив добија и цвеќе.