Од утре билетарниците на ЈСП Скопје и центрите за персонализација ќе имаат скратено работно време, а некои воопшто нема да работат.
Како што соопшти ЈСП Скопје, нема да работат билетарниците кај Транспортен центар (на излез), таа кај Пошта, а затворени во наредниов период ќе бидат и билетарниците во населбите Радишани, Карпош 4 и Железара.
Од 6 до 13 часот од понеделник до петок, односно од 7 до 13 часот во сабота, ќе работат билетарниците во Бутел (кај поранешното кино), Кисела Вода, Лисиче и билетарницата во населба Даме Груев.
Од 6 до 17 часот од понеделник до петок, односно од 7 до 17 часот во сабота, ќе работат билетарниците во ГТЦ, Аеродром, Ѓорче Петров, Ново Лисиче, Буњаковец, Зелен пазар, Бутел (кај пазарот). Истото работно време ќе важи и за билетарниците во Маџари, Драчево, кај дирекција на ЈСП Скопје, Сарај и Дом на печат.
Во недела, од 7 до 13 часот ќе работат билетарниците во Ѓорче Петров, кај Зелен пазар и таа на излез кај Транспортен центар.
Привремено затворени ќе бидат и четири центри за персонализација, оној во Автокоманда (кај Шумарски факултет), во Аеродром, Влае и центарот за персонализација во просториите на ЈСП Турс.
Центрите во Карпош 2, на Бит пазар и Транспортен центар ќе работат од понеделник до петок од 6 до 17 часот, односно од 7 до 17 часот во сабота. Во недела ќе бидат затворени.
Од ЈСП Скопје потсетуваат дека нивните услуги се достапни и во над сто маркети и трафики, дел од секундарната продажна мрежа. Прегледот на локации е достапен на фејсбук страната на ЈСП Скопје – https://www.facebook.com/jspskopjee/ чие работно време зависи од одлуката на сопствениците на субјектите.
-Посоченото работно време на билетарниците и центрите за персонализација ќе важи во наредниот период, а за евентуални промени, корисниците на јавниот превоз ќе бидат навремено информирани, соопштија од ЈСП Скопје.
извор: skopje24.com.mk