Американскиот малопродажен ланец Таргет ќе им даде покачување на вработените одговорни за редовно надополнување на полиците со производи во склад со порастот на побарувачката за производи предизвикана од пандемијата на коронавирусот
Компанијата за трговија на мало со седиште во Минеаполис, во која работат околу 350.000 луѓе, соопшти дека ќе ги зголеми саатниците на сите вработени со скратено и полно работно време за 2 долари.
Тие ќе добиваат повисока плата до 2 мај, а за понатаму ќе се одлучува согласно новата состојба со коронавирусот.
Таргет исто така објави дека следниот месец ќе исплати бонуси од 250 до 1.500 американски долари на дури 20.000 вработени кои се платени по работен час.
На вработените кои се постари од 65 години, бремените жени и вработените со заболувања, Таргет им даде право на платен одмор од 30 дена доколку сакаат да останат дома.
Моменталната плата на вработените во Таргет изнесува 13 долари на час со план таа да се зголеми на 15 долари до крајот на 2020 година.
Од компанијата велат дека на месечно ниво, секој вработен ќе добие од 240 до 480 долари повеќе во однос на изминатите месеци.