За да искажат благодарност и поддршка кон докторите и медицинскиот персонал за тоа што храбро се борат со епидемијата на коронавирусот, таксистите во Сплит решија да им понудат бесплатни возења од дома до работа и назад.
Станува збор за иницијатива на превозници од Здружението на занаетчии во Сплит и Здружението “Жолто такси“ исто од Сплит кои заеднички одлучија со бесплатен превоз да им се заблагодарат на најаслужните во борбата против коронавирусот.
Сакаме да им се заблагодариме на сите здравствени работници за се што прават за здравјето и безбедноста на нашите граѓани. Свесни сме дека во вакви тешки времиња секоја помош е добредојдена и на овој начин решивме барем малку да им олесниме на медицинските работници кој несебично се бори да спаси што е можно поголем број животи, вели Миливој Топиќ, претседателот на Цеха превозниците при Здружението на занаетчии.
Тој истакна дека бесплатните возења за медицинскиот персонал ќе бидат можни само преку повикување на такси возило со помош на апликација и ги замоли останатите граѓани да не го злоупотребуваат тоа и да го лишат транспортот на некој на кого навистина му е потребен.
“Ние сакаме да им помогнеме на оние луѓе кои работат долги часови во корист на сите нас. Ова е еден мал гест и се надеваме дека други таксисти ќе го следат нашиот пример“, вели тој.