НАЈНОВА ИНФОРМАЦИЈА: Забрана за движење на сите граѓани за време на викенд (сабота и недела) во периодот од 16:00 до 05:00 часот.
Техничкиот премиер Оливер Спасовски, информираше дека Владата донела одлука за дополнителна рестрикција за време на викендите. Тој посочи дека се воведува забрана за движење во периодот од 16 часот до 5 часот наутро. „Со цел уште поголема заштита на населението од ширењето на коронавирисот, Владата денеска донесе одлука за дополнителна рестрикција на движењето на населението за време на викенд. Се забранува движењето на сите граѓани за време на викенд (сабота и недела) од 16 часот до 05 часот. Остануваат на сила и сите други претходно донесени забрани“ - вели Спасовски.
Министерот за здравство, Венко Филипче, посочи дека се разгледува можноста се разгледува можноста како во Куманово, така и во Скопје, да се прекине и градскиот, но и меѓуградскиот превоз. До петок на лицата над 67 години им е дозволено да излегуваат во периодот од 05 до 11 часот, а на лицата до 18 години од 12 до 21 часот.