Шампоните доаѓаат во различни бои, но сите имаат нешто заедничко.
Корисниците на социјалните мрежи забележаа чуден феномен – секој шампон без разлика на бојата која ја има со кој ја миете косата станува бел кога е нанесен и се формира бела сапуница .
Постои едноставно објаснување за ова. Меурчиња кои ја сочинуваат пената се толку мали и со толку тенка мембрана што пигментите кои ја сочинуваат бојата толку многу се шират , па светлината која меурчињата ја емитуваат е со бела боја.
Слична е ситуацијата со балоните , пишува metro.co.uk. Кога балонот не е надуен, балонот има силна јака боја, а кога ќе го надуете бојата се губи и станува бледа.
Ако го дуете балонот додека не пукне тој на крајот речиси и ќе ја изгуби својата боја, а тоа се должи на тенкиот матријал од кој е направен балонот.