Акциите на авиокомпанијата во понеделникот паднаа за скоро 19 проценти, што е пад за дури 85 проценти од почетокот на 2020.
Норвешката нискобуџетна авиокомпанија Norwegian Air Shuttle во понеделникот објави дека поради пандемијата со коронавирусот откажани се 85 проценти од летовите и дека привремено ќе отпушти 90 проценти од персоналот, што е околу 7.300 вработени.
Тоа со што се соочува нашата индустрија во моментов е без преседан и сите ние се приближуваме до сценарио каде се повеќе наши авиони ќе бидат приземјувани. Неколку влади во Европа веќе изјавија дека ќе сторат се што можат за да им овозможат на нивните авиокомпании брзо опоравување и продолжување на летовите кога општеството ќе се врати во нормала, стои во изјавата на извршниот директор на Norwegian Air, Јакоб Шрам.
За тешката состојба на компанијата говори и цената на акциите која во понеделникот падна за скоро 19 проценти, што е пад за дури 85 проценти од почетокот на годината.