Канадската Влада нареди затворање на сите бизниси кои не се есенцијални за животот на граѓаните со цел да го спречи ширењето на COVID-19. Во земјата работат само супермаркетите и продавниците за храна, аптеките, банките и медиумите, а сето ова предизвика една невообичаена појава во канадската економија: 1 литар гориво да биде поевтин од 1 литар вода за пиење.
Со секој изминат ден Канада се наоѓа се поблиску до неизбежното сценарио кое им се заканува на сите земји во кои коронавирусот зема замав – а тоа е целосен карантин.
Во моментов, заразени со COVID-19 се околу 3.400 лица, а бројот на жртви се искачи на 31.
Ова ја натера канадската Влада да заземе еден посериозен став во борбата против ширењето на коронавирусот со затворање на сите бизниси кои не се основни за живот, а отворени останаа само супермаркетите и продавниците за храна, аптеките, банките и медиумите.
Засега во продавниците нема никакви недостатоци освен тоалетна хартија, а цената на горивото – верувале или не – е пониска од цената на литар вода.
Кога станува збор за цената на основните намирници за живот, таа и натаму е непроменета.