Пандемијата го зафати целиот свет и сите земји ги чувствуваат последиците од тоа. Во многу земји голем проблем е недостатокот од медицински кадар, а тие што веќе се дел од истиот неуморно работат деноноќно.
Поради моменталната ситуација, факултетите за медицина во Њујорк (како еден од епицентрите на зараза) донесоа одлука за предвремено дипломирање на студентите што се во завршна година од студирањето.
Медицинскиот факултет „Гросман“ излезе со објава дека ќе овозможи предвремено дипломирање на своите студенти, а истото планира да го направи и факултетот за лекари и хирурзи „Вагелос Колумбија“.
На овој начин овие студенти ќе можат да се приклучат во борбата против корона вирусот и да им помогнат на своите колеги. Пред да станат стажисти, студентите ќе треба да поминат обука и ориентациски разговори.
До сега се пријавиле 63 од 122 студенти во Универзитетите во Њујорк да одат во болница на 4 април.