Целта е да се задржат сите 2.500 работници и ликвидноста на компанијата.
Хотелската компанија Valamar Riviera одлучи да се справи со кризата на специфичен начин. Компанијата донесе одлука за програмата „Pauzza - Restart“ преку која планира да ги зачува сите вработени и самата ликвидност на компанијата. Целта е компанијата да остане финансиски стабилна и со целосниот персонал.
Вработените се осигурани на најмалку 4250 куни
Тоа значи дека најголемиот број на вработени, односно оние што не се во можност да си ја вршат работата заради моменталната состојба, ќе имаат пауза од 1 април. Во тој период, компанијата ќе им обезбеди надомест за плата од најмалку 60% од нивната редовна плата, но не помалку од 4250 куни.
Програмата „Pauzza - Restart“ ќе трае минимум 30 до максисум 90 дена, односно ќе се спроведува додека на сила е мерката на владата за зачувување на работните места кај работодавачите.
Менаџментот ќе се откаже од 30% од редовната плата
Според програмата, на оној дел од менаџментот што ќе работи ќе им се исплати помала плата за 30% како би се помогнало на останатите. За вработените кои ќе продолжат да си ја вршат својата работа за време на паузата, ќе им бидат исплатени платите во целост.
Ова ќе важи додека сите вработени не се вратат на работа. Компанијата дава до знаење дека станува збор за елементарна непогодна во која сите, крајно колегијално и солидарно мора да го поднесат својот дел од товарот за да можат да се „рестартираат“ по неговото прекинување и да продолжат понатаму.
Мерката се однесува за платата за април, додека таа за март ќе биде исплатена во целост.
Управниот одбор го откажа Генералното собрание на компанијата и во согласност со Надзорниот одбор, ја отповика предлог-одлуката за исплата на дивиденди. На овој начин, најголемите акционери ќе се откажат од дивидендите годинава. Оваа мерка е уште еден чекор кон зголемување на ликвидноста и поддршка на мерките за зачување на работните места.
Горди сме на нашиот персонал за време на криза
Привремено, се додека не се смири ситуацијата, не можеме редовно да работиме. Горди сме на нашите вработени и нашата цел е ниеден вработен заради кризата да не го загуби своето работно место.
Valamar ќе направи се за луѓето кои се на пауза да се вратат за своите работни места. Ситуацијата е привремена, бизнисот ќе започне одново и тогаш мораме да бидеме подготвени за restart.
Valamar е силна и стабилна компанија и верувам дека со поддршка на јавниот сектор, нашите акционери, инвеститорите, партнерите и вработение, ќе го преживееме овој период и ќе се подговтиме заквалитетно деловно продолжување, рече првиот човек на Valamar, Жељко Кукурин.