Швајцарскиот хотел “Ле Бију” на своите гости им нуди пакет Ковид-19 кој вклучува луксузен карантин со целосна услуга.
Намалувањето на бројот на туристи во време на паднемија на коронавирусот, го инспирираше луксузниот швајцарски бренд “Ле Бију“ да се сврти кон една поинаква услуга за своите клиенти – луксузен карантин во кој би имате минимален контакт со други луѓе, а воедно би имале луксузен апартман, услуга од лекар специјалист, личен готвач, испорака на храна, па дури и тестирање за коронавирус.
За да не се изложувате на заразени пациенти и на можноста од инфекција во болница, со нашите здравствени партнери обезбедивме медицински прегледи и тестови за коронавирус во вашиот апартман, стои на интернет страницата на хотелот.
“Ле Бију” располага со 42 апартмани кои се опишуваат како “луксузен Airbnb” во своите хотели низ Швајцарија.
Освен чистачите, во хотелот на гостите ќе им бидат достапни луѓе кои ќе им нарачуваат храна, лични готвачи, масери и слично.
Сето тоа е така организирано за да не морате да бидете во контакт со други луѓе, вели директорот на хотелот Александар Хубнер.
Тој додава дека луксузниот пакет Ковид-19 бил следниот логичен чекор и дека гостите почнале да и бараат се подолг престои и поголеми услуги од лекар.
Колку чини ова “задоволство”?
Директорот истакна дека ги намалиле и цените за престојот. Ноќевање чинело 960 евра досега, а сега е намалено на 470 евра. Доаѓањето на лекар два пати дневно чини 760 евра, а тестирањето 470 евра. Целодневната грижа на медицински персонал чини дополнителни 4.700 евра, а двенеделен престој чини од 6 до 73.000 евра, во зависност од услугите вклучени во пакетот.
Како и повеќето индустрии што нудат услуги, хотелите беа погодени од владините забрани за затворање на рестораните, туристичките активности и големите групни собири насекаде низ светот. Хубнер вели дека тој ја почнал услугата Ковид-19 како начин да се продолжи собирањето приход во ек на криза.
Извор: Вечер Прес