За да се намали метежот во Управните служби на Министерството за внатрешни работи од понеделник граѓаните чии лични карти и возачки дозволи се веќе изработени нема да имаат обврска сами да си ги земат туку документите на домашна адреса ќе им ги достават полицајци.
Во понеделник Министерството за внатрешни работи ќе изврши промена на правилникот со што ќе се стави можност личните карти и возачките дозволи да може да се доставуваат од страна на полициски службеници на домашните адреси на граѓаните.
Ова нема да важи само за патните исправи бидејќи за истите да се подгигнат мора повторно да се остави отпечаток од прст.
Службата за Управни работи во МВР има конкретни упатства за дезинфекција на уредите каде што граѓаните оставаат отпечатоци по секоја употреба, а вработените треба да се придржуваат и до посебни правила за одржување соодветно растојание при извршување на техничките процедури и сликање на граѓаните кои поднесуваат барања за издавање документи.