Сараевската компанија Гризељ направи тунел за дезинфекција кој ќе помогне во битката против Ковид-19!
Тунелот ќе биде поставен пред зградата на Парламентот на Босна и Херцеговина, а како што тврдат од компанијата, се чека само напојување и некои документи за да се заврши целата постапка.
Станува збор за дезинфекциски тунел од типот DT 1 наменет за дезинфекција на работниот персонал и облеката на посетителите.
Димензиите на тунелот се 3 – 4 x 1 x 2.5 метри, а овие тунели можат да се постават на влезот на станбени згради, институции, болници и сите други објекти каде што има голем проток на луѓе.
За инсталација на тунелот потребни се 24 часа.
Од компанијата ги повикуваат граѓаните да го користат овој уред одговорно и да останат во своите домови за време на пандемијата.
Извор: 6yka