Ронтис пренамени дел од производните линии за производство на заштитни визири. За нешто помалку од 7 часа се произведени и спакувани 500 визири!
Поттикнати од случувањата со пандемија од COVID -19 и зголемените потреби од заштитни средства за луѓето кои што се на првата борбена линија и работат за потребите од здравствени услуги за граѓаните, 18 вработени дел одадминистрацијата и менаџерскиот тимна РОНТИС ДООЕЛ, предводени од директорката г-ѓа Бојана Димовска, викендов наместо во канцеларија влегоа во одделот за производство да изработат заштитни визири.
Со големото искуство што тимот на Ронтис го има во масовно производство на медицински помагала, не беше тешко да се пренамени дел од производните линии и од идеја да се реализира финален производ, заштитен визир. За нешто помалку од 7 часа се произведени и спакувани 500 визири.
Визирите се произведени рачно, но со Ронтис квалитет, односно во чисти простории (класа 8) и поединечно спакувани во блистер пакување.
ДПТ Ронтис ДООЕЛ е општествено одговорна компанија, која се грижи за сите пациенти и здравствениот персонал и затоа првично овие визири ќе бидат донирани во ЈЗУ Општа болница Велес, ЈЗУ Здравен дом Велес, Центарот за јавно здравје Велеси ЈЗУ Специјализирана болница Јасеново. Дополнително ќе бидат изработени количини за сите матични лекари од Велес.
Донацијата ќе биде предадена денес (30/03/2020) во 14:30 часот во ЈЗУ Здравен дом Велес на Директорот Никола Димовски, од каде што другите јавни здравствени институции ќе можат да ги подигнат.