Социјалното дистанцирање и миењето раце може да го заштитат семејството во текот на пандемијата на корона вирусот, а една од превентивните мерки се однесува на чистотата на облеката, односно одржувањето на хигиената е една од најбитните мерки на заштита.
Корона вирусот и понатаму е голема непознаница за научниците ширум светот. Центарот за превенција на болести на САД наведува дека заразата се пренесува преку капките кои се уисфрлаат при кашлање и кивање. Наводно, оддалеченоста од две метри меѓу луѓето е доволна за да се зачува здравјето.
„По враќањето од продавница, од работа или други јавни места нема потреба брзо да се преслечете. Здравиот разум ми вели дека оваа мерка е екстремна. Облеката не е место на кое се задржува вирусот, освен ако ткаенината е во постојан контакт со заразена личност подолг временски период. Облеката на болните од корона вирус, на пример, може да биде преносител на болеста“, вели поранешниот директор на Центарот за контрола и превенција на болести на САД, Роберт Амлер.
Кога станува збор за перењето на облеката во текот на епидемијата на КОВИД 19, домаќинствата каде што живеат луѓе кај кои е откриен вирусот или се сомнева дека го имаат може да се држат до овие неколку совети:
-носете ракавици при контакт со гардеробата на заразената личност; ракавиците за еднократна употреба фрлајте ги после секоја употреба; ракавиците кои се користат повеќе пати не смеат да се употребуваат за вршење други работи освен дезинфекција и чистење на површините на кои потенцијално се наоѓа вирусот
-не ја тресете валканата облека затоа што така е помала веројатноста дека вирусот ќе се пренесе преку воздухот;
-облеката на болните од корона вирус можете да ја перете заедно со облеката на здравите членови од семејството; пред перење, проверете која е максималната дозволена температура за перење на облеката и изберете ја таа температура; потоа облеката мора добро да се исуши;
-рацете мора секогаш да ви бидат чисти; се советува миење на рацете веднаш после вадењето на ракавиците; ако при перењето на валканата облека не носите ракавици, по завршувањето на работата рацете мора темелно да ги измиете со сапун и топла вода;
-важно е корпата за валкани алишта да се одржува чиста; после празнењето на корпата детално дезинфицирајте ја; експертите советуваат користење на кеси за алишта за еднократна употреба или поцврсти пластични кеси кои може да се перат.