Според последниот извештај на Заводот за статистика најплатените професии во Македонија се забележуваат во компјутерската индустрија.
Статистиката за март пресмета раст на платите а компјутерџиите, на кои друштво им прават и вработените во секторите телекомуникации и финансиско-услужните дејности добиле највисока плата.
54.606 денари легнала нма сметките на вработените во секторот компјутерското програмирање, консултантски и сродни дејности додека оние кои работат во секторот финансиско-услужни дејности, освен осигурување и пензиски фондови – 45.677 денари.
Зад нив најголема просечни плати се забелжуваат во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (37.761 денар) и платите во секторот вадење на други руди и камен – 34.284 денари.
ДЗС сепак пресмета најголеми плати во воздухопловството каде бруто плата е 84.452 денари.
Просечната нето плата по вработен во март изнесува 23.694 денари.
извор: post.mk