Почитувани корисници,
Имајќи ја во предвид ситуацијата со Корона вирусот како во Македонија така и на глобално ниво, ве известуваме дека сѐ уште е отежната размената на меѓународна пошта по авионски пат.
Од тие причини, има привремен прекин во прием на пратки од меѓународен сообраќај за сите држави, за кои, отпрема на пратки се врши по авионски пат.
АД „Пошта на Северна Македонија“- Скопје, успеа да овозможи размена на пошта по сувоземен односно површински пат со следните држави: Албанија, Грција, Косово, Романија, Бугарија и Турција.
Србија е затворена за размена на пошта по сувоземен односно површински пат заради затворањето на границите.
Врз основа на горенаведеното, Ве известуваме дека овозможен е прием на пратки во сите поштенски единици за следните држави: Албанија, Грција, Косово, Романија, Бугарија и Турција.
За секоја дополнителна промена навремено ќе бидете известени преку нашата web страна и преку нашите шалтери.
АД „Пошта на Северна Македонија“- Скопје , Ви благодари на поддршката и разбирањето.