Платите за дневници за вработените во тој период би биле на товар на Владата, а фирмите што се уште се ликвидни тој товар би го понеле сами во знак на солидарност.
Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) и Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР) испратиле предлог до Владата деновите од 4 до 20 април да бидат неработни.
На вчерашната конференција, од КСС соопштија дека причината за ваквиот предлог е предвидувањето дека пикот на пандемијата треба да се очекува кон средината на април, а во тој период има големи врски празници. Оттука и претпоставките дека заразата би можела да се прошири многу побрзо од очекуваното.
Платите за дневници за вработените во тој период би биле на товар на Владата, а фирмите што се уште се ликвидни тој товар би го понеле сами во знак на солидарност.
До овој момент поддршка на платформата дадоа: Унијата на незавнисни и автономни синдикати на Македонија (УНАСМ), Бизнис конфедерација на Македонија (БКМ), Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ), Хелсиншки комитет за човекови права, а воедно најавија и повеќе невладини организации и граѓански здруженија од кои некои во моментот остваруваат и тековни состаноци и ќе се произнесат подоцна, се наведува во соопштението.
Тие исто така предлагаат Владата да апелира до верските заедници да упатат повик до граѓаните претстојните верски празници да ги поминат во домашна атмосфера со своите семејства.
Извор: Frontline.mk