Својата денешна седница Советот на Град Скопје ќе ја одржи на на отворено, односно на паркингот пред бараките наместо во салата за седници, што значи дека таа ќе биде непосредна без видео-конференциска врска.
Просторот е дезинфициран, сите присутни ќе добијат заштитни маски и ракавици, а местата за седење се поставени на соодветно пропишаното растојание, објавија Град Скопје.
Ќе се расправа за финансиското работење на Градот во минатата година, годишниот извештај и предлог- годишните сметки.
извор: faktor.mk