Ситуацијата во САД, каде денес бројот на потврдени позитивн случаи на коронавирус ќе надмине 280.000, дополнително се комплицира со фактот дека 10 милиони луѓе ги загубија своите работни места само во последните две недели.
Бројот на луѓе кои останаа без работа во САД оваа недела се искачи на 6.6 милиони, што е двојно повеќе од изминатата недела кога 3.3 милиони луѓе ги загубија своите работни места, а тоа го покажуваат релевантните статистики на институциите во областа.
Скоро 10 милиони Американци се пријавиле за финанскиска помош за невработени во текот на изминатите две недели, што е најголем број во поновата историја, според Њујорк пост.
Според Џош Липски од Независниот центар за истражување во Вашингтон, “американската економија нагло успори и милиони работници ги загубија своите работни места”.
За ситуацијата да биде уште полоша, тие што ги загубија работните места немаа ниту појас за спасување, изјави Липски.
Во САД бројот на заразени од новиот коронавирус е 277 илјади, а бројот на жртви се искачи на 7.400. Скоро 6 илјади луѓе се наоѓаат во критична состојба.