Филипини
Kонтроверзниот претседател на Филипините, Родриго Дутерте, воведе драконски мерки - овластувајќи ја полицијата и војската да пукаат и да ги убиваат оние што ја нарушуваат самоизолација, прават проблем или, според проценките на полицијата, го загрозуваат здравјето на нив и на другите.
Според него, ова е најдобриот начин да се спречи непослушност. Но очигледно, полицијата и војската во сиромашните населби во Манила деновиве имаат друга работа затоа што луѓето се бунтувале дека не се обезбедуваат храна, лекови и други најважни продукти и дека се чувствува недостаток, па дури и глад во овие делови на градот
Туркменистан
Лидерот на Туркменистан Курбангули Бердимухамедов со титулата Аркадаг (Заштитник) прво го забрани користењето на терминот „корона“ во јавноста и ги натера во затвор сите оние што носат заштитни маски, но во последните денови наредија да се ревидира буџетот заради епидемијата, што не ја признава. Тој ги натерал и сите странци (што предизвика малку напнатост со Русија) да се тестираат, а потоа то им го наплатил.
Заштитникот им наредил на своите граѓани кои патуваат низ земјата да имаат рендген снимка на белите дробови и крвен тест, не постар од неколку дена заедно со личните документи. И жителите мораат да го дезинфицираат својот дом со степска колиба (гармала), сушен цвет што ќе се запали и потоа чадот ќе се разнесе низ сите простории.Не треба да се користат други средства за дезинфекција, ниту пак се достапни за бесплатна продажба. Треба да се напомене дека Туркменистанскиот претседател е автор неколку книги за локални билки.
Така е тоа во земјата каде ако изговорите корона плаќате казна
Грузија
Во Грузија пак е воведен поличиски час од 21 до 06. А ако го прекршите ви следува опомена за да ако следниот пат ве фатат ви следува казна од 1000 долари.
Таму иако с еобиделе не успеале да ги натераат свештениците кои и понатаму прават богослужби и масовно собирање на населението. Со оправдување дека Верата е се што им останува сега и дека не смеат да им ја скратат привилегијата на луѓето да веруваат во Бога кој може да ги спаси!