Научниците очекуваат намалување на активноста на вирусот до летото, бидејќи доаѓа потопло време, што не му одговара на вирусот, смета заменик директорот за иновации при Истражувачкиот институт за епидемиологија и микробиологија „Пастер“ во Санкт Петербург, Александар Семјонов.
„Сега ни доаѓа летото, насекаде температурите ќе пораснат, ќе се зголеми и инсолацијата, ултра-виолетовото зрачење и слично. Коронавирусот одредено време останува во нашето опкружување, но не може да остане засекогаш.
Се надевам дека во текот на летото активноста на вирусот ќе се намали. Оптималната температура за пренесување на вирусот е од пет до дванаесет степени целзиусови, токму тоа што сега го имаме во европскиот дел на Русија. Таквите услови се поволни за ширење на вирусот, додека пак потоплото време, очигледно дека не е“, истакна Семјонов, пренесуваат од „Русија 1“.
Според неговите зборови, летото се уште не настапило и нема доволно податоци кои би ги потврдиле неговите претпоставки.
„Постои голема веројатност дека на коронавирусот ќе му се случи истото како и на вирусот на атипична пневмонија, кој го преплаши светот во 2003-2004 година, кога владееше епидемијата на САРС. И гледате, 17 години подоцна исчезна без трага“ – потсетува експертот.
Директорот на државниот научен центар „Вектор“, Ринат Максутов, исто така, смета дека постојат неколку можни сценраија, кога станува збор за коронавирусот.
„Веројатно ќе премине во сезонска болест, што значи дека овој вирус постојано ќе се наоѓа помеѓу човечкта популација, според аналогијата со другите коронавируси и грипот, но можно е со поголем број тешки случаи“, истакнува Максутов.