Според последните информации денеска има 72-јца новозаболени пациенти со коронавирусот. Вкупниот број на заразени изнесува 555, информираат од Минстерството за здравство.
И додека, Куманово овој викенд живее под целосен карантин, Кочани сосема идентично како Куманово побара од Владата градот да биде ставен во целосна изолација, сепак постојат градови во земјава, каде што нема регистрирани пациенти со новиот коронавирус.
На број се десеттина, а станува збор за: Неготино, Кратово, Пробиштип, Дојран, Свети Николе, Кичево, Берово, Виница, Делчево, Пехчево.
Министерот за здравство Венко Филипче напоменува дека со добра дисциплина може да се држи под контрола состојбата со вирусот. Истовремено податоците покажуваат дека веднаш по Хрватска, Македонија до сега има направено 2.362 теста, а потоа следува Грција, Црна Гора, Романија и така натаму. Бугарија е на последно место во регионот по спроведени тестови на 1 милион жители. Според бројот на спроведени тестови за новиот коронавирус, на 1 милион жители, ние сме на второ место во регионот, покажуваат анализите.
-Имаме доволно тестови за да ги задоволиме потребите на нашата земја. Ова е одличен резултат, не само за бројката на тестови, туку и за целокупниот пристап кон идентификување на пациентите, нивните резултати и кластерите на заболени. Во моментов располагаме со 4.500 тестови, а резервите секојдневно се надополнуваат. Ја очекуваме донацијата и од 20.000 китови за тестирање – кои се доволни за потребите според вкупниот број на население во земјава“-објави министерот за здравство, Венко Филипче.