Макпрогрес доо Виница со донаторски активности. Донираше финансиска помош од 500.000 денари на посебната донаторска сметка на Министерство за здравство со цел набавка на опрема и медицински помагала за нашите болници, донација во храна за СОС Детското село и донација на заштитна опрема за локалните институции.
Виница, 06 април 2020
Во исклучително тешкиов период за сите нас и предизвикот со кој сите се соочуваме, Макпрогрес Доо Виница една од водечките прехрамбени индустрии во Македонија е силно посветена кон задоволување на потребите на населението посебно водејќи грижа за здравјето и заштитата на своите 730 вработени.
Како општествено одговорна компанија ја информираме јавноста дека уплативме финансиска помош од 500.000 денари за донаторската сметка на Министерство за здравство, а со цел набавка на опрема и медицински помагала за нашите болници. Во меѓувреме силно делуваме и локално и регионално снабдувајки ги локалните институции со потребна заштитна опрема како маски, скафандери, ракавици и срества за дезинфекција. Покрај овие две донации, оваа недела се реализира и донацијата во храна за СОС Детското село во Скопје, сé со цел да дадеме поддршка на нашите пријатели за полесно справување со ситуацијата во која се наоѓаме.
Макпрогрес Виница е една од водечките домашни прехрамбени индустрии со над 700 вработени и извоз во преку 50 држави ширум светот. Под капата на Макпрогрес се добропознатите брендови Винчини, Сончева Долина, Армониа, Натура, Фантасиа и Дониа.
Нашите препораки се да ги следиме упатствата од Минитерството за здравство и СЗО, да се грижиме за себе и за тие околу нас, да бидеме искрени и посветени. Само така ќе можеме да се справиме со пандемијата.
Чувајте се и бидете ни здрави и безбедни!
#СедиДома