Триесет илјади ученици во основно и средно образование од 18 400 социјално загрозени семејства во земјава ќе добијат картички за мобилен интернет со капацитет од 10 гигабајти месечно од „Македонски телеком" за да пристапат на интернет само за платформите за далечинско учење одредени од Министерството за образование и наука.
Договорот денеска во Владата го потпишаа министерот за информатчко општество и администарција Дамјан Манчевски и директорот на „Македонски телеком" Никола Љушев, во присуство на министерот за образивание и наука Арбер Адеми.
Картичките за бесплатен интернет учениците од семејствата кои примаат социјална помош ќе ги ги добиваат месечно до крајот на учебната година, а дистрибуцијата ќе ја спроведува Министерството за труд и социјална политика преку центрите за социјална работа.
Министрите се заблагодарија за донацијата од „Македонски телеком", нагласувајќи дека во овие околности е важна солидарноста и општествената одговорност на компаниите кои може да се вклучат во помагање на ранливите категории.
„Со овој договор се овозможува наставата во основните и средните училишта која се организира со учење од дома да е достапна за сите. Имајќи предвид дека имаме деца кои немаат интернет-пристап за е-настава, се наметна потребата да им помогнеме и за децата од социјално загрозените семејства „Македонски телеком" донира 18.400 картички за мобилен интернет со капацитет од 10 гигабајти месечно. Интернетот ќе биде наменет за овозможување пристап само до платформите за учење согласно насоките и мерките од Министерството за образование и наука. На овој начин, не оставаме ни едно дете, на сите им обезбедуваме интернет за да може да ја следат наставата. Ова се вонредни времиња и потребна е и вонредна помош“, рече Манчевски.
Министерот за образование и наука Арбер Адеми потсети дека учењето од дома веќе се смета за формална настава и значи дека учебната година не е прекината и ќе продолжи до предвидениот рок кога треба да заврши.
Тој му се забагодари на „Македонски телеком" за општествената одговорност, како и на ангажманот на миниистерот Манчевски кој, како што рече, од првиот ден се заложил ова да се реализира. Адеми очекува дека со оваа донација е надминат уште еден предизвик и дека наставата ќе продолжи да се организира без сериозни проблеми.
Директорот на „Македонски телеком" Никола Љушев рече дека непречено образование на децата во овие услови е најважен приоритет, особено за децата што немаат можност за учење од далечина како придобивка од интернетот.
„Иако сме земја со фиксен интернет-пристап од околу 80 проценти на тероторијата, околу 30 илјади деца од социјален ризик или 18.400 домаќинсва не се во можност да ја следат наставата. Во овие услови должни сме да ги следиме мерките, но и да дадеме решенија на предизвиците. Соработката на надлежните институции со бизнис-секторот сега е клучна. Имаме одговорност да обезбедиме силна и стабилна интернет-врска, но и морална обврска ,да придонесеме за вклучување на сите деца во образовниот процес во услови на вонредна состојба“, рече Љушев, додавајќи дека за нив вакви донации не се новина, а овојпат во соработка со МОН и МИОА одлучиле да најдат решение за еднакви услови за дигитална настава за сите деца.