Германија ги отвора рестораните, училиштата и продавниците.
Во изминатите 24 часа има 67 починати и 1.028 новозаразени.
Вкупниот број на починати е 3.261.
Но, овие бројки не делуваат загрижувачки за научниците во Германија.
Тие предлагаат постепено укинување на коронамерките.
Неколку европски земји почнаа со олабавување на мерките.
Директорот на Светската здравствена организација, Тедрос Адханом претходно упати порака до европските земји кои најавија укинување на мерките за превенција од коронавирусот, досегашните рестрикции да ги намалуваат полека и контролирано.