Во некои италијански покраини мерките за ограничување во време на карантин се ублажени, но останува задолжителното носење на заштитни маски и препорачаното растојание меѓу лицата.
Полицијата строго контролира и издава казни на оние кои тоа не го почитуваат. Шампион во бројот на казни е пензиониран претприемач од Палермо, Доменико Финазо, кој за пет дена собрал пет казни од по 300 евра. Казнет е бидејќи се сончал на плажа.
“Не сакам да се откажам од морето и сонцето. Јас сум слободен човек и сакам да продолжам да го правам она што го сакам. Кога гледам во морето се релаксирам. Плаќам, но не се придржувам на овие правила“, вели бунтовниот Италијанец.
Тој во интервју за италијанскиот весник La Repubblica раскажува дека плажата што ја посетувал било неговото омилено место веќе 20 години, а пред некој ден интервенирал и хеликоптер за да го избрка од плажата.
Финазо песокот, сонцето и морето не сака да ги замени со базенот и бетонот во неговата куќа.