Израелците не сакаат во државен карантин, преферираат сместување преку Airbnb
Поради пандемијата на коронавирусот, многу луѓе се затворија во своите домови и станови, а Израелците најдоа нов начин за самоизолација, пишува Хаарец.
За да го спречат ширењето на инфекцијата и, пред се, да го заштитат своето семејство од вирусот, голем број луѓе во Израел решија да изнајмат сместување преку Airbnb.
Израелската влада нареди сите што влегуваат во земјата, вклучително и сите Израелци кои се враќаат од странство, да бидат ставени во четиринаесет дневен карантин. Ваквата изолација не е доброволна, туку задолжителна.
Бидејќи на многу Израелци им било наредено да бидат во карантин, тие мораа да најдат сместување за да се држат понастрана од своите семејства.
Бидејќи луѓето ги откажаа своите резервации заради затворањето на границите, дојдовме до идеја да ги поврземе домаќините кои се соочуваат со финансиски загуби и луѓето кои мораат да бидат во карантин, а немаат услови да се изолираат. Се поголем број луѓе кои се враќаат од странство мораат да останат во карантин, а поради потенцијалната опасност од ширење на заразата, не сакаат да бидат во близина на своите семејства, вели Елираз Зохар, администратор на Фејсбук групата Airbnb Host Israel во која членуваат луѓе што изнајмуваат сместување.
Со оглед на тоа што престојот е релативно долг, трае цели 14 дена, многу домаќини нудат попусти за луѓето во самоизолација.
Поради претпазливост, менаџерите им наредуваат на домаќините да се придржуваат до упатствата за чистење и дезинфекција издадени од Министерството за здравство.
Се обидуваме да најдеме што е можно повеќе станови погодни за изолација, односно станови со влез што се одвоени од остатокот од зградата, за луѓето кои се во карантин да не се мешаат со здравите лица, додава Зохар.