Од италијанската компанија велат дека производството на автомобили нема да да продолжи најмалку до 3 мај
Во Ferrari, во меѓувреме, активно продолжуваат да соработуваат со голем број партнери во борба против пандемијата. Додека некои од конкурентите својот потпис го ставаат на платнени маски, во Ferrari своето лого да го ставаат на делови од респиратори.
Станува збор за вентили изработени од термопластичен материјал со помош на 3Д печатење, а кои се произведуваат во одделот за прототипи на Ferrari. Ништо не е оставено на случајноста, па така вентилот е проектиран во Марес, специјалист за опрема за нуркање, фитинзите се изработуваат од Solid Energy, додека целиот проект на изработка го води Nuovamacut Gruppo TeamSystem.
Интересно е што компанијата Solid Energy прави модификации на маски од Decathlon за да ги прилагоди за улогата на заштитна опрема за здравствените работници.