Во целиот свет се разгледува можноста за ублажување на мерките кои треба да го спречат ширењето на вирусот. Како ќе изгледаат работните места кога економиите ќе се рестартираат? Еве што може да се очекува во тој контекст.
Нема ракување помалку состаноци
Ракувањата и понатаму се “out“, рече неодамна Том Фриден, поранешен директор на американскиот центар за контрола и превенција на болести.
Средствата за дезинфекција за раце ќе станат нормална работа. Телефоните и компјутерите нема да бидат заеднички.
Ќе се поттикне употребата, а некои компании веројатно ќе им ги обезбедат на своите вработени.
Маркетите веќе го ограничуваат бројот на купувачи, се бара оддржување на растојание, а тоа може да се очекуа и во кафулињата.
Работодавците би ја потикнале работата од дома или ќе организираат работниците да доаѓаат во различни работни часови или работни денови, а ќе се намали и бројот на состаноци.
“Една од позитивните работи од Ковид – 19 се надевам ќе бидат намалениот број на состаноци. Досега беа премногу“, вели Фриден.
Повеќе боледувања
Американскиот епидемиолог Брендон Браун, вели дека во иднина ќе се поттикнува, а не обесхрабрува останувањето дома кога вработените се болни.
На работните места ќе треба редовно и темелно миење на рацете, а површините што често се допираат ќе се чистат почесто.