Пандемијата предизвикана од коронавирусот кај сите нас предизвика посебни емоции: страв, сомнеж, неизвесност… и ова се само неколку. Ако пред да започне сево ова сте барале работа, нормално е да се прашувате што сега.
Да продолжете да барате работа и испраќате апликации или само да чекате, е прашањето што можеби ви се врти деновиве во главата. Бидејќи немате што да изгубите ако продолжите со барањето работа, и понатака испраќајте ваша кратка биографија и следете ги огласите за вработување. А овие неколку совети ќе ви помогнат да се издвоите при пријавувањето.
Дали е можно да најдете работа за време на криза?
Се разбира! Сега не е време да се повлечете или да се откажете. Да, бизнисот на скоро секоја компанија е променет, но многу од нив сè уште бараат работници. Можеме да кажеме дека сега тие бараат сигурни и посветени луѓе кои можат да придонесат за нивниот бизнис и да ги решат предизвиците со кои се соочуваат.
Но, помала понуда за работа значи и поголема конкуренција меѓу лицата кои бараат работа. Затоа, треба навистина да се истакнете во “морето“ на апликации. Како? Пред сè прво, треба да се ослободите од стравот. Стравот ве тера да помислите дека нема работа, дека не сте доволно добри и дека нема да ве поканат на интервју. Затоа, треба да го промените вашиот начин на размислување, да се фокусирате на позитивните работи и можностите што ве чекаат.
Друго важно правило е квалитетот над квантитетот! Ова значи дека нема да испратите исто CV на 100 адреси. На тој начин, сигурно не се претставувате најдобро во вашата способност. Наместо тоа, прилагодете ја вашата апликација на она што го бараат во компанијата. Друга опција е да испраќате молба за работно место што го сакате, иако можеби компанијата во тој момент немаат отворени позиции.