Јапонија е сопственик на најјакиот пасош на светот, судејќи според Henley Passport индексот.
Индексот на најјак пасош се одредува според тоа во колку земји граѓаните на една земја можат слободно да патуваат, односно без виза.
Судејќи според Henley Passport индексот, во 2018 година титулата држава со најјак пасош ја понесе Јапонија, чии државјани без виза можат да патуваат во 189 земји.
Германија, која пет години по ред имала најјак пасош падна на второто место, кое го дели со Сингапур. Државјаните на овие две земји без визи можат да патуваат во 188 земји.
На трето место се Јужна Кореја, Финска, Франција, Италија, Шпанија и Шведска.
Кога станува збор за земјите од регионот, Словенија е деветта земја на листата најјаки пасоши, чии државјани можат без виза да патуваат во 180 земји.
На 16 место е Хрватска (169 земји), 36 место и припаѓа на Србија (130 земји), 41 Македонија (125 земји), 43 Црна Гора (123 земји), 47 Босна и Херцеговина (118 земји), на 48 место е Албанија (114 земји).
Со индексот се опфатени 199 пасоши и 227 патни дестинации.