Италијанската компанија Avio Interiors понуди два идни концепти за седење во авион кои би можеле да ја решат потребата за социјална дистанца.
Првиот концепт се нарекува „Glassafe“ и е едноставен со заштитна бариера помеѓу патниците кој се аплицира на постојаниот концепт на седење и со него се очекува да се обезбеди доволна заштита при седење во авион.
Другиот концепт е помалку веројатен бидејќи се потребни повеќе промени во начинот на кој во моментов се поставени седиштата во авионите. Концептот се нарекува „Janus“, а од Avio Interiors велат дека е именуван по римскиот бог со две лица, кој имал едно лице свртено напред, а друго назад.