Побарувачката за работна сила се менува брзо – сигурно ќе има помала побарувачка за туристички работници на глобално ниво, додека побарувачката за доставувачи и здравствени работници ќе се зголемува.
Коронавирусот ни ги промени навиките и слободата на движење, но и го смени пазарот на трудот. Додека повеќето компании, вклучително и одредени професии, претрпуваат големи загуби затоа што не се во можност да ги извршуваат своите активности, некои други занимања стануваат се повеќе барани.
Податоците од деловна мрежа на LinkedIn откриваат кои се најбарани работни места во САД, но сличен е и глобалниот тренд:
1.Работници во продавница
2.Компјутерски оператори
3.Техничар за компјутерски систем
4.Овластен сметководител
5.Здравствени работници
6.Градежни работници
7.Работници во магацин
8.Психолози
9.Возачи
10.Доставувачи