Животот во Ирска привлече многу Хрвати кои таму го најдоа својот втор дом. Како и во остатокот од светот, пандемијата на коронавирус целосно го промени животот и во Ирска.
Карантинот во Ирска започна на 13 март, а веќе на крајот на месецот мерките беа драстично заострени. На жителите над 70 години не им е дозволено да ги напуштат своите домови, сите угостителски објекти се затворени, работат само со достава, а сите продавници освен прехрамбените се затворени.
Околу половина милион граѓани кои ги изгубиле работните места добиваат државна помош од ирската Влада во износ од 350 € неделно за 12 недели. Сепак, тие ќе треба да платат даноци и придонеси на овој износ на крајот на годината.
Двајца хрвати, жители на Ријека Армандо Кадириќ и Лука Варга, кои долго време работат и живеат во Ирска, за „Рипортал“ како се живее во Ирска во вонредни околности:
- Тука каде што живеам - во Голвеј, ситуацијата за сега е добра. Колку што знам, сè уште никој не е исфрлен од својот стан.
Ова е четврта недела како не работам, а хотелот во кој работев е затворен пет недели - рече Кадириќ. Тој е еден од многуте граѓани кои добиваат помош од државата.
- Прво беше објавено дека ќе добиеме 203 евра неделно од државата, а потоа ја зголемија висината на помошта на 350 евра. Инаку, работат само прехрамбени продавници, аптеки, пошти и пумпи. Кафулињата и рестораните се затворени скоро еден месец и половина, но што се однесува до сè друго, можам да кажам дка повеќе или помалку живееме нормално.
Тој истакна дека постои шанса да им се намали и киријата, но за тоа треба да ги контактираат сопствениците на становите оп e-mail.
- За соба месечно плаќам по 350 €, плус сметки. Цената, се разбира, зависи од големината на собата. Имав среќа што плаќам толку, вообичаено цените се движат меѓу 500-750 € плус депозит во износ од една кирија.
Домашната самоизолација е продолжена до 5 мај, но се очекува после тоа да дојде до олабавување на мерките.