Прашање што не треба да не мачи, барем не до следната година. Но, убаво е да се знае!
Српскиот епидемиолог Предраг Кон објаснува кој треба да се вакцинира, односно дали вакцинацијата ќе биде задолжителна за сите:
"Не треба секој да се вакцинира. Проценката ќе се направи кога вакцината ќе биде достапна, врз основа на состојбата на имунитетот и истражување. Но, вакцината ќе биде достапна дури за една година, во најдобар случај. Можеби ќе биде достапна и порано - за некои, но не и за нас. Скептичен сум дека ќе ја имаме порадно од една година“, вели епидемиологот Кон.
Тој додаде дека вакцинацијата најпрво ќе се врши на најранливите категории - постарите и хроничните пациенти.
"За другите, тоа ќе зависи од планираните патувања. Верувам дека тука ќе има некои обврски и тоа на меѓународно ниво. Ние како земја ќе имаме право да бараме оние што доаѓаат да бидат вакцинирани или да имаат направено соодветни тестови", вели Кон.