Околу 400.000 жители на Нов Зеланд се вратија на работа, откако премиерката Џасинда Ардерн го спушти нивото на опасност во земјата и ублажи една од најстрогите мерки за ограничување на движењето заради кое фирмите со недели не работеа.
Ардерн рече дека строгите мерки се исплатиле, но дека ова сега не значи укинување на социјалното дистанцирање, туку укинување на дистанцирањето од економијата.
“Избегнувајте патувања што не се неопходни”, им рече Ардерн на граѓаните.
Министерството за финансии проценува дека стапката на невработеност ќе се искачи на 13 % дури и ако карантинот брзо се укине, а БДП би можел да падне за третина.
Инаку, жителите на Нов Зеланд стоеја во редови за хамбургер, помфрит и кафе за носење пред рестораните за брза храна, откако по еден месец излегоа од карантин.
Според светските медиуми, од раните утрински часови долги колони автомобили стојат пред McDonald’s во Оукленд и Велингтон.