Бил Гејтс кој е еден од најбогатите луѓе на светот, воедно и најгласните за изнаоѓањето на вакцина за коронавирусот во интервју за „Тајмс“ изјави дека пречката за брзо справување со коронавирусот е тоа што земјите наместо да се помагаат гледаат секоја за себе.
Запрашан од новинарите дали сегашните политичари подготвуваат одговор на кризата, Гејтс претпазливо изјави: „Вие влегувате во војна со лидерите што ги имате, а ретроспективно ќе им судите колку добро поминале“.
„Мислам дека фактот дека светот се сврте кон национализмот и земји кои се водат на сметка сами за себе, нема да помогне. Требаше да реагираме многу порано. Малкумина ќе добијат 5 за реакцијата“, додаде Гејтс.
Иако не сакаше да именува кој реагираше лошо, Велика Британија, САД, Индија, Бразил и многу други земји се свртеа кон националистичката политика. Сите тие на почетокот ја потценија болеста а тек потоа почнаа да го намалуваат нивото на закана од коронавирусот.
На почетокот од овој месец, Гејтс ја критикуваше одлуката на Трамп за повлекување на американското финансирање од СЗО. Само еден ден по веста, фондацијата Бил и Мелина Гејтс објавија дека вложува дополнителни 150 милиони долари во борбата против КОВИД-19, со што вкупниот обрт му достигна 250 милиони. Тој тогаш рече дека фондацијата ќе ги посвети сите свои ресурси за борба против вирусот.
Гејтс за “Тајмс“ исто така изјави дека ако немаше затворање на државите и забрана за движење, ќе го видиме видевме најлошото досега, уште поголемо ширење на болеста и поголема економска криза.
„Ако бројот на жртвите во светот достигне еден милион, тогаш сè повеќе луѓе би го промениле своето однесување и вие би биле во екстремна ситуација. Идејата за управување со хотел со капацитет од 30 проценти, или ресторан со ист број гости, не укажува на разбирање на економијата. Луѓето делуваат како да само одевме на колективен имунитет и го забораваат уништувањето на економијата “, рече тој.