„Виз ер“ со нови мерки за безбедност од корона вирусот: Патниците ќе мора да носат маски за време на летот
„Виз ер“ најави дека од 1 мај воведува дополнителни мерки за хигиена за да обезбеди здравје и благосостојба на своите патници и членови на екипажот. „Виз ер“ воведува нови протоколи – во согласност со владините регулативи – да се почитува физичката дистанца за време на чекирање и да се подобри хигиената на летот.
Како дел од мерките за заштита на здравјето на патниците и екипажот на авиокомпанијата, патниците треба да се чекираат и да ги купат сите дополнителни услуги онлајн, како на пример плаќање дополнителни торби, за да ја намалат интеракција на аеродромот.
Употребата на киосците за самостојно оставање багаж – таму каде што е достапно – и брзите траки за безбедност на аеродромите, се високо препорачани од страна на авикомпанијата за понатаму да се обезбеди и физичка дистанца пред чекирање во авионот.
За да се спречи можноста за ширење на инфекција, најучтиво се замолуваат сите патниците да се придржуваат на новите правила за физичка дистанца при влегување и излегување од авионот,“ информираат од компанијата. Од таму додаваат дека додека ХЕПА филтерите на сите авиони на „Виз ер“ филтрираат до 99.7% од вирусите и бактериите од воздухот во кабината, екипажот и патниците ќе треба да носат маски за време на летот.
„Екипажот ќе им достави на сите патници марамчиња за бришење, додека отстранувањето на магазините на летот и охрабрувањето за бесконтактно плаќање при купување за време на летот се мерки кои се воведени со цел да се намали физичкиот контакт. На летови каде што ќе има можност, екипажот ќе обезбеди и оддалеченост помеѓу седиштата на патниците,“ додаваат од таму.
„Виз ер“ информираше дека ќе продолжи со својот строг распоред за дневно чистење на целата флота, при што целиот авион ќе биде дезинфициран преку ноќ во согласност со официјалните упатства. За да го сумираат новиот протокол, Wizz Air објави видео каде што ги објаснуваат новите мерки: